Република Македонија

Република Македонија е европска држава во централниот дел на Балканскиот Полуостров со главен град Скопје. Територијата на Република Македонија претставува околу 38% од територијата на Македонија. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција.

Иако Република Македонија се здобива со независност во 1991, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000-та и 3500-та година п.н.е.

Република Македонија има површина од 25.713 км² и нема излез на море. Релјефот е претежно ридско-планински (75%). Во Република Македонија лежат три големи природни езера: Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро.

Според пописот од 2004 вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители .

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување.

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 км. Должината на модерните патишта е 5.100 km. Должината на постоечките железнички линии е 920 км, со 168 железнички станици. Поврзувањето по железнички пат со Република Грција и Србија е добро. Во Македонија има два аеродроми, во Охрид и во Скопје, со неколку меѓународни врски. Аеродромот ‘‘Александар Велики‘‘ во Скопје го користат 90% од патнците, а аеродромот ‘‘Свети Апостол Павле‘‘ во Охрид- 10%.

 

 

 

Macedonia mmmmmmm m

 

 

ХОТЕЛИ ВО ОХРИД

 

ХОТЕЛИ ВО БИТОЛА

 

 

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

 

Copyright © Orbita, 2009. Сите права се задржани.
1